Гран Куве Резерва 2009

Суво црвено вино

Година: 2009
Регион: Тиквеш, Македонија
Сорта: Мерло, Каберне Совињон, Вранец
Алкохол: 13,6vol%
Годишно производство: 10000 шишиња

Боја: Длабока виолетово-црвена
Ароми: Ситнозрнести овошја(грозје, капини, црни сливи), комплексни зачински ароми(каранфилче, цимет) и тутун.
Вкус: Kадифеност, хармоничност, меки созреани танини и долготраен завршеток. Виното не е филтрирано и е зреено во барик 30 месеци.
Шеќери (g/l): 3
Киселост (g/l): 6,6

Винификација: Микро ферментација во резервоари од нерѓосувачки челик и капацитет од 5 тона со контролирана температура и транспорт во текот на системот, подолг контакт со пулпата за поголема екстракција на саканите соединенија..
Созревање: 30 месеци во македонски и француски барики.
Потенцијал за созревање: Доколку е соодветно складирано во одредени услови виното ќе го покаже својот вистински потенцијал во наредните неколку години.

На 16-18C со јагнешко месо, говедски стек, чорба со црвено месо, моќно сирење

Лозје: 15 години старо лозје од подрачјето на Вардарската Долина. Површината на плантажата е со густина од 4200 лози на хектар култивирани со систем на кроење. Приносите во просек се 8000 kg/ha.
Берба: Крајот на септември 2009. Грозјето се бере рачно и се складира во пластични бочви од 20 kg.

  • Локација
  • © 2016 Popov Winery | Web Design - Kara5