Розе Престиж 2014

Суво розе вино

Година: 2014
Регион: Тиквеш, Македонија
Сорта: Мерло, Каберне Совињон, Каберне Франц
Алкохол: 13,8vol%
Годишно производство: 4500 шишиња

Боја: Нежна роза
Ароми: јагоди, малини, зачини
Вкус: Пријатен и потполн вкус на јагоди и малини.
Шеќери (g/l): 2,1
Киселост (g/l): 5,4

Винификација: Ферментацијата на сокот од грозје се преработува во резервоари со капацитет од 5 тона и контролирана температура. Виното се произведува со saignee методот.
Потенцијал за созревање: Доколку е соодветно складирано во одредени услови виното ќе го покаже својот вистински потенцијал во наредните неколку години

На 1-12C со јастог, лосос, туна, патка или деликатно зготвено јагне. Исто така оди со млади крем сирења како Камембер и Бри.

Лозје: 15 години старо лозје од подрачјето на Вардарската Долина – Микролокација наречена Вршник. Површината на плантажата е со густина од 4200 лози на хектар култивирани со систем на кроење. Приносите во просек се 8000 kg/ha.
Берба: Средина на септември 2014. Грозјето се бере рачно и се складира во пластични бочви од 20 kg

  • Локација
  • © 2016 Popov Winery | Web Design - Kara5